Денеска во Скопје ќе се одржи првиот уличен форум на тема „Зошто нашите градови се небезбедни?“, организиран од иницијативата „Кој е следен?“. Овој настан има за цел да собере идеи и предлози за подобрување на безбедноста на улиците, вклучувајќи предлози за воведување железнички градски превоз, урбанистички реформи и мерки за подобрување на сообраќајната култура.
Безбедноста – приоритет, не избор
Организаторите потенцираат дека безбедноста во урбаните средини не смее да биде избор, туку неопходност. Форумот ќе вклучи експерти, активисти и граѓани, со цел да се најдат конкретни решенија за создавање посигурен и поуреден градски простор.
„Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно,“ – велат организаторите.
Настанот има за цел да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат жителите на градовите и да иницира промени што ќе придонесат за подобар урбан живот.