Начелно верувам дека органите на партијата ќе одлучат Алтернатива да биде дел од Владата, изјави за „Слободен печат“ Скендер Реџепи, пратеник и член на претседателството на Алтернатива. Во исчекување на средбата помеѓу лидеот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев за можен влез на Алтернатива во Владата, Реџепи вели дека очекувањата во партијата се дека предност ќе дадат на евроинтеграциските процеси на земјава и на програмските ветувања до граѓаните.
– Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи – изјави Реџепи.