Утрово, Мате Римац го претстави првиот автомобил кој беше развиен во Bugatti Rimac. Станува збор за модел на Bugatti W16 Mistral.
Римац откри и дека ова е последниот автомобил од овој тип и дека со следниот модел веќе се префрлаат на нова генерација на хибридни автомобили.
Според Римац, ќе бидат произведени 99 автомобили, од кои секој ќе чини пет милиони евра, а сите се веќе продадени.
