Родител: Кое јавно обвинителство, еднаш да излегоа по допрен глас немаше да се случи ова, и вие зборите дека ЈО ја води истрагата…

Родителите на починатите деца од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска беа примени на средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тие открија дека не знаеле кога точно починале нивните деца, а еден од родителите дознал за трагедијата додека бил во Бутел.

При оваа средба, еден од родителите го праша министерот дали чувствува морална одговорност, на што Тошковски одговори: „Да, чувствувам морална одговорност.“

Министерот Тошковски ги уверуваше дека Јавното обвинителство работи на терен и тие никого нема да поштедат, но присутните му одговорија со зборовите: „Не ви веруваме“.

На ова еден од родителите го праша со зборовите:

„Кое јавно обвинителство? Љупчо Коцевски, Љубомир Јовески и Марко Зврлевски? Дали еднаш тие излегоа на терен по допрен глас, барем пола да излегоа, немаше да се случи ова, пола да излегоа, и вие ми викате ЈО ја води истрагата… која истрага?“, праша тој.

На ова Тошковски ја умеша и опозицијата.

„Она што опозицијата сакаше да го наметне во изминатиот период, и некои недобронамерници е тоа кое што е фактична состојба. Јас не се сеќавам досега актуелен министер да бил во притвор во моментот кога е на функција. Затоа не сакав новинари, не сакав политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова“, вели Тошковски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното