Сара Рељиќ кон крајот на годината патува во Доминиканската Република – ќе ја претставува Србија на изборот за Мис

Пејачката Сара Рељиќ ја понесе титулата Мис Мултиверзум, поради што сега ќе ја претставува Србија на светскиот натпревар за убавина во Доминиканската Република во декември оваа година.

Критериумите што Сара требаше да ги исполни се кандидатот да биде образован, талентиран, остварен во својата работа, добро да зборува странски јазици и да е убава.

„Компанијата Мис Ју ме повика на кастинг, а условот беше девојката да биде од светот на шоу бизнисот или култура. Сметале дека сум адекватна личност за натпреварување и дека ги исполнувам нивните критериуми“, истакна пејачката.

Таа додава дека во месец декември ќе оди во Доминиканската Република да ја претставува Србија.

„Многу сум возбудена, морам да принзаам дека имам позитивна трема. Се надевам дека Србија ќе биде горда на мене“, вели пејачката.