Елена Радеска од Комисија за здравство на СДСМ, денеска на прес конференција истакна дека после нарко скандалот на директорот на Клиниката за неврологија, кој е снимен како консумира дрога не е доволно повлекување и негово разрешување.
„Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност, темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи за здравството се работи и за здравјето на чуѓето.
Ако лице што управува со здравствена установа користело дрога, тоа отвора прашање како тоа влијаело врз неговите одлуки како директор, врз здравјето на пациентите, врз безбедноста и функционирањето на системот на клиниката!
Сите надлежни институции мора веднаш да го повикаат на распит и да го преиспитаат целото негово работење: сите тендери, одлуки, финансиски трансакции и кадровски именувања во времето кога тој раководел со клиниката.
Особено што и Државната ревизија констатираше неправилности во клиничките испитувања и процедурите.
СДСМ ќе инсистира, одговорност мора да има, без разлика кој е, без разлика колку е близок со Христијан Мицкоски.
Министерот за здравтво мора да побара од Лекарската комора додека трае истрагата да му биде одземена лиценцата за работа. Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето ил со медицина.
Почитувани граѓани, ова е голем скандал кој покажува како владее ДПМНЕ и какви кадри става на клучни институции во здравството кое што е во целосен хаос.
Нема лекови, нема операции, луѓето не можат здравствена услуга да добијат а директорите на ДПМНЕ се дрогираат. Срамно и тажно истовремено.
Фрапирачки е како Мицкоски молчи за овој случај. Но едно е јасно, додека неговоте директори се фатени до дрога, Мицкоски не може да зборува за морал ниту за вредности“, вели Радеска.
Читај и ова:
- 1.Метео аларм: Силен северен ветер во Повардарието и источните делови
- 2.Трамп прими бустер доза против Ковид – докторите велат срцето му е 14 години помладо од хронолошката возраст
- 3.Ја исклучувате ли климата?
- 4.По објавата на Трамп, криптовалутите се урнаа како никогаш досега
- 5.Хороскопски знаци кои никогаш не ги исполнуваат своите ветувања