Обдукцијата врз Вања заврши, ќе се пишуваат извештаите – со меѓународна потерница се бара убиецот

Вчера Кривичниот суд донесе одлука по предлогот на Основното јавно обвинителство, притвор од 48 часа за Александар Ѓорчевск, татко на Вања Ѓорчевска, откако претходно таква мерка им беше изречена и на тројца осомничени.

Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е определен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.

Сега се чекаат извештаите од обдукцијата и од преземените биолошки траги, за МВР да излезе со соодветна кривична пријава против осомничените, по што Јавното обвинителство ќе отвори истрага за сите инволвирани.

Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи вчера распиша и меѓународна потерница по Палевски.

– Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното