По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази.
Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик.
Според информациите, еден од двајцата приведени е директорот на јавното претпријатие, Сабахaдин Рустеми.