Се појавија фотографии од танцот на Путин со австриската министерка

Објавени се фотографии и снимки од свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карен Кнајсл на кои се гледа како танцува со тој што предизвика најмногу контраверзи последниве денови во Австрија – рускиот претседател Владимир Путин.

На свадбата во местото Сулцтал, Путин допатува од Грац во конвој од автомобили, со своето возило кое ги исполнува највисоките стандарди на обезбедување.

Во Австрија уште не престанаа расправите дали министерката требала да го покани Путин на својата свадба со оглед дека Австрија како дел на ЕУ има воведено санкции кон Русија.

Текстот Се појавија фотографии од танцот на Путин со австриската министерка е превземен од А1он.