Останува „мал прозорец на време“ за спасување на преживеаните од урнатините дури и три дена по првиот земјотрес, јави дописникот на меѓународниот Sky News Џон Спаркс од Турција.
Како што рече, бил сведок како израелската спасувачка екипа утринава извлекувала две сестри на возраст од 20 и 22 години од урнатините на урнатата зграда во Кахраманмарас.
„Мислам дека тоа ви кажува дека има прозорец, тој е мал, но има прозорец“, рече дописникот, додавајќи дека тој се стеснува.
„Под зградите има џебови со доволно воздух и топлина“, додаде тој.
„Одделот за итни случаи овде е апсолутно преполн, хаотичен – нема многу простор“, рече тој, додавајќи дека сè е полно со повредени и мртви. Телата биле завиткани во црни кеси, а многумина во теписи. Многу голем број загинати се уште не се идентификувани и овој процес е во тек.