Фудбалери на аргетинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс ја поминале ноќта во автобус пред полициска станица поради инцидент.
Ова следувало откако тие се пресметале со обезбедувањето.
По завршувањето на натпреварот, на кој Атлетико триумфираше по подобро изведување пенали, фудбалерите на Бока револтирани поради поништениот гол се степале пред соблекувалната со членови на обезбедувањето.
Па така, тие наместо авионски да се вратат дома, со автобус биле спроведени во полициска станица во Бело Хоризонте.
Аргентинскиот амбасадор во Бразил, Даниел Скиола, објави вчера на социјалните мрежи дека фудбалерите на Бока до крајот на денот ќе бидат вратени дома.