Секој може да си избере каков реквизит ќе има, вели Ковачевски по играњето во Кабинетот на Груби

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека секој може да си избере каков реквизит ќе има во својата канцеларија.

Оваа изјава следува откако на социјалните мрежи беа споделени фотографии од министрите и првиот вицепремиер Артан Груби како играат фудбал и кошарка.

„Колку што знам, ова не се први фотографии од фудбал во неговиот кабинет. Имам колеги-премиери што имаат кошови во својата канцеларија. Лично јас немам кош, но секој може да избере дали ќе има реквизит што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, две или пет, така што секој има право да си го организира просторот како што сака. Исто како што и вие во вашата канцеларија можете да го организирате вашиот простор. Ирелевантно е дали мене тоа ми пречи или не“, рече Ковачевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното