СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до 07.03.2025, а подоцна вметнала непостоечка документација во деловодникот на училиштето за да го прикрие нејзиното неоправдано отсуство од работа.
