Сеуште нема официјална информација дали е лоциран бегалецот Игор Спасов

Осудени и обвинети им бегаат на македонските правосудни органи. Во две години, седуммина кои се соочиле со кривична одговорност успеале да ја напуштат државата. Последен тоа го стори Игор Спасов, специјалецот кој беше осуден за убиството на Мартин Нешковски. Тој цели 14 месеци беше на слобода поради лошо здравје но наместо по лекувањето да се врати во Идризово, на Спасов му се изгуби трагата. По неколку дневната преписка меѓу институциите дека Спасов не се вратил во затвор, штипскиот суд побара меѓународна потерница за побегнатниот затвореник. Судот во Штип отфрли одговорност за случајот. Спасов имал уредна документација која потврдувала дека е неопходно да користи боледување.

Наскоро пак се навршува една година од бегството на екс премиерот Никола Груевски. Надлежните засега не утврдија како Груевски ја напуштил државата и пристигнал во Унгарија.

На интернет страницата на МВР долга е листата на лица кои се бараат со потерница. Од правдата побегна и Никола Војминовски кој се бараше да одговара за обид за убиство на Зијадин Села од собраниските настани на 27 април.

За судските власти недостапни се и поранешните началнци во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски кои се наоѓаат во Грција.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното