Шест години од Преспанскиот договор, државата го смени името и влезе во НАТО, но доби вето за ЕУ

На денешен ден, пред шест години, во селото Нивици на Преспанското езеро од страната на Грција, беше потпишан Договорот од Преспа.

Со овој договор се затвори спорот меѓу двете држави за името, по што Република Македонија го промени своето име во Република Северна Македонија и влезе во НАТО.

За жал по промената на името и влезот во НАТО, не влеговме во Европската Унија бидејќи добивме вето, најпрво од Франција, а потоа и од соседна Бугарија која бара нејзините граѓани да влезат во Уставот.

Овој договор беше потпишан од СДСМ и грчка СИРИЗА. Го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На настанот присуствуваа и посредникот во преговорите Метју Нимиц, екс комесарот за проширување Јоханес Хан и други високи меѓународни претставници на двете земји и од ЕУ.

Откако не успеа референдумот, Договорот беше ратификуван во Собранието осум месеци подоцна, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година, со што државата го смени името, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

Со ова Македонија стана 30-та членка на НАТО и (делумно) се отвори патот за членство во Европската Унија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното