Шпанската Влада го осуди насилството во текот на протестите на каталонските сепаратисти во Барселона и другите градови на Каталонија, наведувајќи дека нејзина цел била и останува гарантирање на безбедноста во регионот.
Веќе втора вечер по ред избиваат насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата во Барселона, а во Шпанија е отворена истрага за групата Демократски цунами која ги организира протестите заради осудителните пресуди на лидерите на каталонските сепаратисти.
Судирите почнаа во понеделникот вечерта, а протестите истиот ден откако Врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување на независносата на Каталонија во 2017 година.