Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од промена на химната и грбот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од промена на химната, бидејќи таа ја одразува историјата на Македонија.

„Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена. Таа не само што е одраз на сегашноста, туку изразува и историски белези кои не треба да се менуваат. Иако химните во повеќето држави имаат важна историја и значење, ние не сме тие кои ќе решаваме дали и како тие треба да се менуваат“, рече Сиљановска-Давкова.

Во однос на државниот грб, таа вели дека темата може да се отвори, но предупредува дека таквите дискусии можат да предизвикаат конфликти и да го одвлечат фокусот од поважни прашања.

„Не сум против отварање на ова прашање, но моментално сметам дека не е време за тоа. Во нашиот регион, таквите дискусии често доведуваат до конфликти кои ќе не одвлекуваат од важните прашања кои треба да ги решаваме“, додаде претседателката.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното