Силјановска-Давкова се сретна со Мицотакис: Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, вчера на Самитот за мир во Швајцарија оствари средби со премиерите на Грција Киријакос Мицотакис и на Бугарија Димитар Главчев.

„На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи.“, напиша Силјановска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното