Силниот ветер направи хаос низ Скопје, паднати бандери, дрвја, откачени лимови, кабли!

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во во Центаро за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.

За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУКсе известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности.

За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3 кабли; откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1.

„Информираме за дел од пријавите со конкретни адреси, места каде што се случиле, за конкретен увид на поединечни случаи со адреси, а потоа ке ви пратиме и сублимирана информација со првични вкупно податоци:

Дел од пријавите се:

– Пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на Локација: Булевар Свети Климент Охридски, 66, Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка.
– паднато големо дрво од непознат вид врз бандера со кабли од струја кои искрат во моментот во населба Сопиште. Нема материјални штети во моментот. Нема повредени лица.
– скинат кабел од бандера на улица Ѓорѓи Капчев
– 4 паднати дрва поради невремето , локација Воен базен на патот према касарната.
– пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија,гори сува трева и камион. Локација ДСМ- Ортопедика населба Карпош.
– пријава за откачен лим од приватна куќа, постои опасност да падне и да повреди . Локација: Улица Јуриј Гагарин 4, Скопје, Козле
– добиена е пријава за навалено големо дрво каде преставува опасност да падне во паркот каде има малолетници. Локација: Улица Јуриј Гагарин 4,бр.55, Скопје
– за паднато дрво на улицата по која движат возила. Локација: Улица 12-та Македонска Бригада, Скопје
– добиена е пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка Сузуки. Локација: Булевар Видое Смилевски – Бато, Скопје
– пријава за паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ.
– пријава за дрво кое што е закачено до на бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина.Во моментот нема регистрирани материјални штети или повредени лица.
– пријава за неработење на семафори на дадената адреса, се создал голем метеж во сообраќајот. Локација: Булевар 3-та Македонска Бригада, 68, Скопје
– добиена е пријава за скршена липа и падната е на орев. Локација: Улица Душан Тасковиќ 42 Скопје

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното