Според информациите на министерството за здравство оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење.
Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје стаса првата пратка со 250 илјади вакцини против ковид-19 на кинеската „Синовак“. Како што објави министерот Венко Филипче, попладневно ќе стигне и вториот авион, со што ќе ги добиеме сите 500.000 дози од овој кинески производител.
Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО:
- Инактивиран САРС-Ков2 вирус
- Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
- Високо ефикасна за превенција на тешка болест
- Се дава мускулно во рамо
- Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици
- Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица
СЗО понатаму наведува дека вакцината „Синовк“ е неактивна, лесна за чување и како таква лесно достапна.
Советничката група САГЕ, која дава совети на СЗО за употреба на вакцини, исто така објави дека се извршени сите истражувања поврзани со вакцината „Синовак“ и дека се советува да се имунизираат сите возрасни со две дози на растојание од две и четири недели.
СЗО не препорача горна граница за употреба на вакцината.