Сирискиот лидер: Се обидуваат да не вовлечат во граѓанска војна

Сирискиот лидер Ахмед Шаара денеска предупреди дека земјата се соочува со обиди да ја вовлече во граѓанска војна, бидејќи продолжуваат жестоките судири во кои се убиени најмалку илјада членови на алавитската заедница. Во видеото Шаара вели дека остатоците од поранешниот режим на соборениот претседател Башар ал Асад немаат друг избор освен веднаш да се предадат.

Тој, исто така, вети дека неговата влада ќе ги повика на одговорност сите оние кои се вклучени во нападите врз цивилите.

„Ќе бараме одговорност, цврсто и без попустливост, секој вмешан во крвопролевањето на цивилите или кој ги надминал овластувањата на државата“, рече тој во видеото објавено од официјалната сириска новинска агенција Сана, додавајќи дека ќе биде формиран комитет за заштита на граѓанскиот мир.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното