Скандалозна изјава на политичар: 13-годишните деца се доволни зрели за работа

Еден поличар од Бразил на својот Твитер профил објавил дека 13-годишните деца се доволно зрели за работа, доколку се и за освојување на медали на олимписките игри во Токио кои се во тек.

46-годшниот Состенес Кавалканте од бразилската Демократска партија, предложил ревизија на Законот за забрана на работа на деца во земјата.

Законот во Бразил не дозволува работа на помладите од 14 години, а Кавалканте смета дека 13-годишната натпреварувачка во скејтборд Рајса Леал која освоила сребро, докажува дека младите луѓе би можеле да влезат на пазарот на трудот.