Сместен е во посебен хотел – Американец со босанско потекло не смее да влезе во Олимпиското село

29-годишниот американски мечувалец со босанско потекло, Ален Хаџиќ ќе настапи на Олимписките игри во Токио, но таму ќе престојува надвор од олимпиското село и ќе тренира одвоено од своите колеги.

Оваа одлука не е донесена поради коронавирусот, туку поради обвинението дека сексуално вознемирувал три жени, пренесуваат американските медиуми.

Откако во месец мај се квалификувал на ОИ, три жени го обвиниле Хаџиќ за сексуално возменирување меѓу 2013 и 2015 година. Две од нив биле мечувалки на Универзитетот Колумбија, каде престојувал и Хаџиќ.

На Хаџиќ му беше дозволено да настапи во Токио, но американскиот тим за мечување одлучи тој сам да отпатува во Јапонија, да се обучува и да биде сместен во хотел кој е оддалечен 30 минути од олимпиското село.

Хаџиќ се жалел на ваквата одлука, но пред почетокот на игрите пристигнала и веста дека жалбата е одбиена, така што тој ќе остане изолиран до крајот на престојот во Токио.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното