За убиствата на Вања и Панче во судница денеска сведочеше Зоран Петковски, порано вработен во полиција, а во критичните моменти член на Комисијата за безбедност на политичката партија Десна. Тој бепе предложен од страна на одбраната.
Петковски рече критичниот ден утрото разговарал со Љупчо Палевски – Палчо, но доказ од разговорите рече дека нема.
„Каналот е креиран од Љупчо Палевски така што, за 30 минути се бришат и каналот и комуникацијата“, кажа сведокот.
Со Палчо разговарале за ирански дронови.
„Со Палевски разговаравме за ирански дронови, трансфер преку Србија од Иран. Добив задача од Палевски да соберам информации околу ова и да ги известам останатите членови на Комисијата за безбедност“, одговори сведокот на прашање на адвокатот на Палевски.ж
Поради неутврдена листа на идни сведоци, судењето за денеска заврши и ќе продолжи на 5-ти март.