Сончево и топло со мала локална облачност – температурите до 37 степени

Сончево и топло со мала локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува од средината на следната седмица кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен..

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното