Сончево со мала облачност – температурите до 14 степени!

Наутро по котлините со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала до умеренма облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во текот на ноќта на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Долж Повардарието ќе продолжи да засилува северен ветер. Од утре следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното