СОНК одби 10% повисока плата од април – 15 дена за договор или генерален штрајк

СОНК оди на генерален штрајк. Понудените 10 проценти од Владата за раст на платите синдикатот не ги прифати. Бараат покачувањето да биде повисоко и наместо од април да важи од први јануари.  Ако во рок од 15 дена не бидат прифатени нивните барања на 11 ноември просветниот кадар  стапува на генерален штрајк, со прекин на наставата.  

Од владата посочија дека се свесни дека платите во образованието се ниски но толку се капацитетите. Посочија дека повторно ќе разговараат со синдикатот.

Од СОНК тврдат дека ако не се покачат нивните плати со новото зголемување на минималната од 16 проценти ќе се создаде урамниловка. Освен повисоки примања бараат и  воведување на регрес за годишен одмор, почитување на колективните договори, изработка и потпишување на колективен договор во високото образование, надоместоци за превози на вработените и за прекувремените часови.

Просечната плата во средното и основното образование се движи од 22 до 24 илјади денари, а во високото образование 30 илјади денари.

 

 

 

 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното