Совети како да се изборите за успешен прв љубовен состанок.
Секако, веќе на првиот состанок се елиминираат додворувачите кои не ги исполнуваат условите, но доколку запознаете некој кој вас би ви одговарал за дружба, врска или пак брак, тогаш веќе треба да покажете дека сте дама со јасен став.
Овие пет совети ќе ви помогнат во вашиот живот да влезе вистинскиот:
- Покажете вистински став и искрено мислење
Не треба да ви биде непријатно ако не размислувате на ист начин како и личноста од другата страна, со самото тоа брзо ќе воочите дали имате ист поглед кон иднината.
- Бидете природни и свои
Доколку доживеете несмасни шеги, индискретни прашања или непријатност во текот на средбата, бидете смирени и со одмерени одговори ставите до знаење дека момчето не е пристојно, и со својот став ќе го посрамотите.
- Зборувајте за своите таленти и работни ангажмани
Со овие теми ќе ги покажете своите вештини, самосвесност, независност, а со тоа ќе и укажете на личноста дека не сте дама за забава и површни односи.
- Избегнувајте теми околу поранешните врски
Искуствата за некогашните љубовни врски може да тргнат во погрешен правец, а во вам да разбудат стари рани кои може да имаат впечаток дека сте посесивна дама, а тоа никому не оди кон целта.
- Распрашувајте се за музика, патувања, друштвени теми
Тие ќе ви откријат дали е момчето емпатично, сестрано или сонувач.