Операцијата за спасување се одвива вечерва откако петте македонски граѓани сноубордери и скијачи од планината Пирин паднаа во провалија и испратија порака за помош.
Петмината Македонци скијале надвор од назначените локации кога паднале во провалија. Спасувањето се врши на страната на Даминишка долина.
Како што информираат бугарските медиуми, сите се во добра состојба и се очекува операцијата да заврши наскоро.