Вулкан во Јапонија исфрли пепел, камења и чад на 200 метри на небото. Спектакуларниот момент на ерупцијата го снимила јапонската крајбрежна стража.
Снимката ја покажува експлозивната ерупција минатата недела, која исфрли гас и испрати вулканска карпа во морето околу островот Ниџима, кој се наоѓа на 150 километри јужно од јапонската престолнина Токио, објави The Independent.
Вулканскиот остров е формиран пред 10 години. Неговото име се преведува како „нов остров“. Дополнителна еруптивна активност била забележана на јужниот крај на островот .
Пловните објекти кои минуваат низ областа беа предупредени да бидат внимателни.
Јапонија се наоѓа во Пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што се случуваат повеќето од вулканските ерупции и земјотреси на Земјата.