Србинка која глуми во филмови за возрасни се омажи за „кралот“: Сега е една од најбогатите жени во овој регион!

Една од нашите најпознати актерки во филмови за возрасни и учесничка во реалното шоу Невена Хот го кажа судбоносното „I do“ неодамна во Словенија, а венчавката на јахта изгледаше како нешто од бајките.

Имено, срцето на ѕвездата го зароби четириесетгодишниот „Целски крал“, кој во последните 20 години успешно тргува со злато. Има свои претставништва во Абу Даби, Токио и Орлеанс, како и две компании во Љубљана.

Свадбата се одржа во тајност на луксузната јахта на младоженецот што пловеше околу островот Блед. На церемонијата присуствуваа само најблиските луѓе, а за нивната венчавка пристигнаа 1.200 лалиња од Холандија, додека храната на бродот ја подготвуваа готвачи од Словенија, Индонезија и Србија.

Невена блесна во елегантен бел фустан, а бурмите се направени во Целје и чинат неверојатни 30 илјади долари.

– Како што почнав со бракови и сопрузи, ќе завршам како Елизабет Тејлор. Ако не се лажам, имаше осум брака. Заедничко за сите мои сопрузи… е тоа што никој од нив не успеа да ме промени – напиша Невена на „Фејсбук“.

Тешко детство

Додека учествувала во реалното шоу, Невена раскажала како нејзините родители ја испратиле кај баба и и дедо и кога имала два месеци, бидејќи мајка и се обидела да ја спаси од татко и кој бил алкохоличар.

– Татко ми имаше мозочен удар, после тоа доби епилепсија, и толку испил што лекарите му рекоа да не престане наеднаш да пие. Татко ми почина и сето тоа беше големо училиште за мене. Никогаш не можев да ја заштитам мајка ми. Дури кога остана парализиран, престана да ја малтретира мајка си – изјави Невена.

Таа го снимила својот прв филм по*но со својата пријателка, а нејзиниот сопруг ја оставил кога дознал. Ѕвездата на филмовите за возрасни и поради ќерката морала извесно време да ја напушти Србија, бидејќи се соочила со груби коментари за професијата на нејзината мајка.

Таа нагласи дека никогаш не била уапсена, и дека никој не ја силувал, иако за тоа имаше многу шпекулации во медиумите. Невена изјавила дека едвај преживувала и немала „покрив над главата“, а дека сега е една од најбогатите жени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното