Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на Мицкоски од САД

Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се одржи по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од САД, соопштија од Владата.

Премиерот ќе се состане со синдикатот за да се дискутира за подобрување на правата на работниците во рамки на буџетските можности.

Од Владата истакнуваат дека е важно што УПОЗ прифатиле дијалог, наместо брзи мерки како протест. Вработени во неколку институции веќе четири дена протестираат, барајќи 30% повисоки плати и потпишување на колективни договори. Синдикатот најави дека ако не се постигне договор, ќе преземат радикални чекори.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното