Станев: Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Македонија за 4 февруари

„Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Северна Македонија за 4 февруари, доколку се добие таков предлог. Северна Македонија е одговорна за настанот, но ние можеме да обезбедиме помош“.

Ова за бТВ го изјави главниот комесар Станимир Станев, заменик главен секретар во Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

„Со Северна Македонија се разменуваат информации за движењето на луѓето, што им е потребно на двете земји за непречено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари“, додаде тој.

„Се надевам дека нема да има провокации, нема да има навреди. Вложуваме максимални напори од страна на бугарските гости да нема провокации“, истакна Станев.

„Има драконски мерки, ни уверија македонската полиција“, додаде тој.

Истрагата за нападот врз Христијан Пендиков

„Сите информации за заканите кон Христијан Пендиков додека бил во ВМА се предадени. Сакаме истрагата да биде целосна и објективна“, рече главниот комесар Станев.

Министерството за надворешни работи официјално потврди дека бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Ангел Ангелов, се вратил во Скопје и ги извршува своите дипломатски функции.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното