Столтенберг на вонредна прес конференција: Војната не оди по планот на Путин, тој не успеа во своите стратешки цели

Вечерва на вонредна прес конференција се обрати генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Ова е најсериозна ескалација од почетокот на војната во Украина. Ништо од ова не покажува сила, ова е признание дека војната не иде по негов план и дека Путин на крај не успеа во своите стратешки цели. Путин носи целосна одговорност за оваа војна и негова одговорност е да стави крај. Позицијата на НАТО останува непроменета ние и натаму продолжуваме да ја поддржуваме Украина додека таа продолжува да се брани од руската агресија. И тоа ќе го правам се додека има потреба“, изјави Столтенберг.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното