Индонезиската полиција соопшти дека најмалку 127 луѓе загинале, а 180 се повредени во немирите што избувнаа по фудбалски натпревар во Источна Јава, пренесе Асошиетед прес.
Откако натпреварот од индонезиската Премиер лига заврши со победата на Персебаја на Арема, на стадионот имаше неколку тепачки меѓу приврзаниците на двата тима.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, но тоа предизвика паника и стотици навивачи се упатија кон излезот. Многу од нив се задушиле во стампедото, а други биле прегазени од толпата.
Триесет и четири лица загинаа на лице место.
Над 300 луѓе биле пренесени во блиските болници, но многумина починале на пат.
Двајца од загинатите се полицајци.