Италијански портал специјализиран за транспорт ги споредил цените на билетите за траект во европските земји и открил дека фериботите се најевтини во Хрватска.
Истра е слична, поблиску – но и многу поевтина – од Италија. Некои дури би отишле дотаму што би рекле дека е поубава. Плажите се почисти, водата е почиста, а градовите се помалку преполни со туристи. И од оваа година екскурзионистите повеќе не мора да менуваат пари бидејќи од 1 јануари официјална валута повеќе не е куната, туку еврото. Вака деновиве за Хрватска пишува германскиот весник „Кронен цајтунг“, додавајќи дека, сепак, со воведувањето на новата валута се зголемиле и цените, наведувајќи го примерот со путерот за 4,50 евра или пицата за 18 евра, пренесува Нови лист.
Зголемувањето на цените ги погоди очигледно сите дестинации, иако не подеднакво. Така, Австријците пред сезоната пишуваа дека поскапеле особено Грција и Шпанија, а во помала мера и Италија, Хрватска и Турција.
Германскиот сојузен завод за статистика, пак, на крајот на мај објави споредба на трошоците за одмор во Европа, иако за март, што значи дека треба да се земат со резерва со оглед на тоа што цените значително растат во сезоната. .
Според оваа анализа, најевтини дестинации за патување биле Турција и Албанија, каде одморот е за околу 56 отсто поевтин отколку во Германија. Во Португалија и Малта на германските туристи им било поевтино за 28 отсто да јадат надвор или да престојуваат во хотел.
Во Шпанија, Полска и Чешка, туристите во март платиле за 18 отсто помалку за ресторански и хотелски услуги отколку во Германија. Во Хрватска и Кипар платиле 17 отсто помалку. Во Грција тоа било дури 21 отсто помалку во однос на трошоците во Германија. Црна Гора и Романија беа уште поевтини, престојот во хотели и посета на ресторани чинеше околу 46 отсто помалку отколку во Германија. Оттука, излегува дека Турција и Грција, Португалија, Малта и малку, само еден процентен поен, Шпанија биле поевтини од Хрватска.
Од друга страна, италијанскиот портал „Виванода“, специјализиран за транспорт, ги спореди цените на билетите за траект во европските земји, па излегува дека фериботите се најевтини во Хрватска. Имено, тие ја пресметале просечната цена на билет на 100 километри патување, па Турција испаднала најскапа, односно фериботот меѓу Грција и Турција.
Просечната цена на билетот за 100 километри во Турција е дури 163 евра. Хрватска е последна со најниска цена од 53,77 евра на 100 километри. Од конкурентите во Медитеранот, Италија е околу 77,7 евра, Шпанија околу 70 евра, а Грција околу 59 евра.