Србија продолжува со новите законски правила во државата. Ако возачот превезува дете во скут ќе му следува казна од 100.000 до 120.000 динари, а моќе да добие и затвор казна од 15 до 30 дена.
Казната пак за совозачот доколку детето е во скут изнесува од 20 до 40 илјади динари.
Новите законски измени кои ќе се применуваат од 1-ви април 2019-та година налагаат и дека возачите на кои ќе им бидат измерени 0.2 промили алкохол, ќе бидат казнети со 10.000-120.000 динари или затвор од 30 до 60 дена или општествено-корисна работа од 240 до 360 часа и 14 до 16 казнени поени и девет месеци забрана за управување со возило.
Казната за некористење појас е 10.000 динари, а толку е и за користење телефон во текот на возењето.