Субвенција од 100 евра месечно ако купите електричен автомобил

Емануел Макрон е решен да ги направи електричните автомобили достапни за масовниот потрошувач. За таа цел Франција нуди субвенции за купување на електромобил, но критиките се дека и со оваа субвенција цената на електричните автомобили останува висока.

Затоа, сега се развива кардинална мерка, која ја најави министерот за финансии Габриел Атал во телевизиско интервју оваа недела. Владата на Макрон верува дека со неа електричните автомобили ќе станат достапни за секого, пренесува Блумберг.

Станува збор за субвенциониран лизинг план од 100 евра месечно, во однос на кој човек ќе може да седне зад волан на електромобил. Министерот посочи дека тоа е помало од месечните трошоци на повеќето луѓе за бензин.

Владата работи на брзо воведување на оваа мерка.

Потсетуваме, Франција нуди субвенција од 6.000 евра за купување на електричен автомобил кој чини помалку од 47.000 евра, со можност за дополнителна помош во рамките на програмата за отфрлање за враќање на стар автомобил. Во првата половина од годинава, е-автомобилите сочинуваат 12% од вкупниот пазар на нови автомобили во земјава.