Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски продолжува на 28 април.

Денес, во Основен Кривичен суд Скопје, сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски кој ги оспори сите обвинувања против него.

Како што вели, доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.

„Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате“, изјави Палевски.

Следното рочиште ќе продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.


Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното