Според информациите на АМСМ вечерва од 19 часот е затворен за сообраќај магистралниот патен правец Битола – Ресен над Битола кај местото викано Билбил Камен поради свлечиште.
Овој патен правец до пред некој месец беше затворен поради иста причина, а санацијата на свлечиштето траеше дури пет години.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.