Таксист спречил тешка измама – патничка му кажала дека носи над 30 илјади евра, а еве за кого биле наменети

Таксист спречил 79-годишна жена од Дортмунд да предаде 30 илјади евра во готовина на лажни полицајци.

Имено, измамниците ја контактирале жената и се претставиле како полицајци. И кажале дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа тешко повредила друго лице и мора да плати 30,000 евра оштета, во спротивно ќе биде испратена во затвор, пишува магазинот Феникс.

Германската полиција на прес конференција соопштила дека бабата повикала такси за да отиде на местото на несреќата и да ги предаде парите, но се чини дека нејзината мака била преголема и се одлучила да ја сподели со таксистот, кој веднаш препознал измама и се јавил во вистинската полиција да пријави.

Измамниците често работат со такви „шок-повици“ околу наводно повредени роднини и создаваат голем временски и психолошки притисок, предупредува полицијата, наведувајќи дека постарите лица се обично мета.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното