Новиот Министер за здравство Беким Сали го нема во јавноста. Се одбиваат сите обиди на новинарите за одговор на клучни прашања поврзани со пандемијата. Последниот таков денеска е на телевизија Сител. Од кабинетот одговориле дека министерот е презафатен со состаноци.
Во истовреме Македонија руши рекорди по бројот на заразени и починати. Само во денешната ковид регистрирани се 1.861 новозаразен и 21 починато лице.
Тестови нема ниту за лек. Термини на државно нема, а доколку немате пари за приватно, единствена по евтина варијанта е сами да се тестирате со тест од аптека.
Попладнево пристигна најава дека утре Министерот за здравство ќе се појави пред медиумите примајќи ја третата доза од вакцината против Ковид-19.