Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран за време на викендот воделе „продуктивни разговори“ и дека ќе ги одложат воените напади врз иранските електроенергетски и енергетски објекти за пет дена, јавува Си-Ен-Ен.
Пишувајќи со големи букви на мрежата Truth Social, Трамп истакна дека одлуката за одложување на најавените напади ја донел врз основа на „тонот и карактерот“ на разговорите, пренесува CNN.
„Со задоволство известувам дека Соединетите Американски Држави и Иран за време на последните два дена воделе многу добри и продуктивни разговори за целосно и сеопфатно решавање на нашите непријателства на Блискиот исток“, напиша Трамп.
„Врз основа на тонот и карактерот на овие детални, темелни и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на целата недела, им наредив на Министерството за војна да ги одложи сите воени удари врз иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и разговори“, додаде тој.
Трамп претходно закани дека ќе нападне ирански електрани до понеделник навечер доколку земјата не овозможи повторно отворање на Ормускиот теснец.
Уште минатата недела, Трамп изјави дека не е заинтересиран за постигнување примирје со Иран.
„Можеме да водиме дијалог, но не сакам примирје“, рече тој во петок попладне.
