Американските сили, во историска и досега невидена воена операција, успеале да го приведат венецуелскиот лидер Николас Мадуро. Ова го потврди Доналд Трамп во своето обраќање, нарекувајќи ја акцијата „еден од најмоќните воени потфати во американската историја“.
Според Трамп, огромна американска воена моќ на копно, море и воздух била искористена за да се изврши напад врз силно утврдена воена тврдина во центарот на Каракас, каде што се криел Мадуро.
Каракас во мрак, Мадуро во лисици
Трамп откри детали од драматичната ноќ, истакнувајќи дека градот бил речиси во целосен мрак поради специфичната стручна изведба на операцијата.
„Беше тоа мрачна и смртоносна акција, но Мадуро е приведен, заедно со неговата сопруга Силија Флорес“, истакна Трамп.
Воените способности на венецуелските сили биле целосно парализирани, а операцијата се опишува како брза и хируршки прецизна.
Се соочуваат со американското правосудство
Мадуро и неговата сопруга веќе се во рацете на американските власти. Трамп потврди дека против нив е подигната обвинителен акт пред сојузниот суд во јужниот округ на Њујорк.
„Никој друг не можеше да го изведе ова“
Во своето обраќање, Трамп ја спореди оваа акција со елиминацијата на Касем Сулејмани и Абу Бакр ал-Багдади, како и со уништувањето на иранската нуклеарна програма (операција „Midnight Hammer“).
„Ниедна друга држава на светот не би можела да го постигне она што САД го остварија вчера, и тоа за толку кратко време“, порача Трамп, изразувајќи благодарност до припадниците на американската војска за извонредното достигнување.

