Протестот на камионџиите продолжи и денеска со блокада на граничните премини, а според информациите од Управата на граничната полиција, на петтиот ден од оваа протестна акција, поради заострената процедура за влез во Шенген зоната, блокирани се влезот и излезот за камиони на 23 гранични премини и излезот на два премина во Србија.
Граничните премини Батровци, Шид, Богојево, Бачка Паланка, Бездан, Нештин, Љуба, Сот, Хоргош, Келебија, Бачки Брег, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци, Рибарци, Мокрање, Калуѓерово, Ѓерчево, Пробуњка, П. и Шпиљани се блокирани, а излезот на премините Српска Црна и Ватин е блокиран, соопшти Путеви Србија.
Премините се блокирани петти ден по ред од страна на транспортери од Србија и Босна и Херцеговина, додека камионџиите во Црна Гора и Македонија ги укинаа блокадите откако Европската комисија презентираше нова визна стратегија, која вклучува предлог што би го решил проблемот со ограничување на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.
