Денеска 27.03.2023 година, се одбележуваат три години од членството на Северна Македонија во НАТО.
По тој повод во Касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи свеченост, а обраќање ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Припадниците на Армијата пак ќе имаат и показни вежби.
Од СДСМ велат дека три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, додека пак македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот
„На денешен, пред три години државата, предводена од СДСМ стана полноправна членка на НАТО Алијансата. Три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот.
Реализирана е една од двете национални стратешки цели, исполнет е стремежот за кој сонуваа генерации, во изминатите 30 години.
За жал, трагичните настани со воената агресија на Русија врз Украина, покажаа колку е важно членството во НАТО, особено во услови на безбедносна криза.
Граѓаните можат да бидат спокојни, членството во НАТО значи неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата“, велат од СДСМ.