Во согласност со член 75-ѓ од Изборниот законик, кој ја регулира обврската за транспарентно и непристрасно известување во текот на изборниот процес, информативниот портал 4NEWS.mk го објавува официјалниот Ценовник за платено политичко рекламирање (ППР). Овој ценовник ќе се применува за претстојните Локални избори во 2025 година.
Ценовникот е уредно доставен до Државната изборна комисија и ќе се применува подеднакво за сите учесници во изборната кампања. Нашата цел е да обезбедиме целосно еднакви и фер услови за политичко претставување на сите политички субјекти.
Порталот 4NEWS.mk останува доследен на својата уредувачка политика и професионалните новинарски стандарди, гарантирајќи објективност, транспарентност и еднаков третман за сите учесници во изборниот процес.