Ципрас ја прифати оставката на Каменос, ќе бара гласање за доверба на Владата

Сега кога топката се префрли  на грчка страна на  Премиерот Алексис Ципрас , му почнаа проблемите. Министерот за одбрана и лидер на Независни Грци ,како и што се очекуваше ја напушта владата и се обидува да не се изгласа Договорот од Преспа. Сириза на Ципрас има сигурни 145 пратеници, Независни Грци на Каменос имаа 7 .Но Каменос нема контрола врз своите пратеници , бидејќи му откажуваат послушност.

„Ние ќе им кажеме не на тие што остануваат, ако дадеме глас за доверба на владата е исто како да даваме глас за Договорот од Преспа. Секој што ќе направи размена на својата позиција во владата со гласање за доверба ќе биде исклучен од Независни Грци“, изјави Панос Каменос, претседатен на „Независни Грци“

Каменос , не е сигурен дали неговото повлекување може да ја собори владата на Ципрас , и побара  Договорот од Преспа во грчкиот парламент наместо со 151 глас  да биде ратифкуван со 180 пратеници и со референдум.Од друга страна Ципрас ја прифатил  оставка на позицијата министер на Каменос најави  дека ќе прифати и други оставки доколку има. Сепак Ципрас најави дека без проблем ќе оди на процедурата за гласање на доверба во парламентот.

„Решив и го информирав претседателот на Собранието дека ќе одиме брзо со процедурата која ја налагаат нашиот Устав и парламентарните правила за обновување на довербата за мојата влада, со цел да се продолжи со јасно мнозинство кон сите оние избори клучни за нашето општество и нашата земја… Со апсолутна јасност изјавувам дека соочувајќи се со очигледниот национален интерес нема да се вратам, нема да се плашам да се соочам со ризиците и политичката цена“, изјави Алексис Ципрас, премиер на Република Грција.

Македонија добила уверување од грчката влада дека таа останува посветена на исполнување на Договорот од Преспа. Шефот на македонската дипломатија , Димитров се надева дека Грција ќе го заврши својот дел од Договорот и не даде коментар за тоа кои би  биле идните чекори доколку владата на Ципрас падне и Грција оди на предвремени избори. Извори од владата неофицијално брифираат дека Ципрас има обезбедено 151 глас за изгласување на доверба на неговата влада.

„Ја видов веста за министерот за одбрана на Грција и лидер на Независни Грци Каменос,  кој ја напушти функцијата министер за одбрана. Имав веднаш потоа кратка коресподенција со мојот колега Јоргос Катругалос и добив уверување дека грчката Влада останува силно посветена согласно со националните интереси на Грција да ја заврши работата со Преспанскиот договор“, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Откако Собранието на Република Македонија на 11 јануари ги усвои уставните измени согласно Договорот од Преспа со кои името на земјата е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност, грчкиот Парламент треба да го ратификува Договорот, со што ќе се деблокира постапката за влез на Македонија како 30. членка на НАТО.

РЕПОРТЕР: ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ

Извор: ТВ21