Турски новинар: За малку ќе избувнеше тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците

Турскиот новинар и координатор за безбедносна политика на телевизијата Хабертурк, Четинер Четин, објави на социјалните мрежи X дека за време на преговорите меѓу иранската и американската делегација во Пакистан се случил сериозен инцидент.

Според него, избувнала остра тензија меѓу иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, и американскиот претставник Стив Виткоф, која речиси ескалирала во физичка конфронтација.

Несогласување околу Ормускиот теснец

Четин тврди дека причина за конфликтот било длабоко несогласување околу управувањето со Ормускиот теснец.

„Пред неколку минути имаше тензија меѓу министерот Абас Арагчи и Виткоф, која речиси ескалирала во физичка конфронтација поради сериозно несогласување околу управувањето со Ормускиот теснец“, напиша тој.

Тој ја додаде пораката во објавата: „Никогаш не им се заканувајте на Иранците“, сугерирајќи дека ескалацијата се случила по притисок или закани за време на разговорите.

Овие тврдења сè уште не се официјално потврдени, но се вклопуваат во поширокиот контекст на неуспешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, за време на кои не беше постигнат договор за клучните прашања, првенствено нуклеарната програма и безбедноста во Ормутскиот теснец.