Владата на Турција упати барање до Русија да одложи дел од плаќањата за испораките на природен гас, објави Блумберг.
Турските претставници го образложија своето барање. Тоа се однесува на оптоварувањето на економијата со зголемените трошоци за енергија.
Турскиот државен оператор Ботас е во разговори со Гаспром и се обидува да ги одложи плаќањата доспеани за две години.
Турција го задржа партнерството со Русија. Двете страни најавија и нови договори.
Земјата се согласи да плати четвртина од долговите во рубли. Во моментов не е јасно дали ќе се преговара за решение.
Унгарија денеска соопшти дека се согласила да го стори тоа.